ТРЕТ ПАТ ОВАА СЕЗОНА

Меси прогласен за играч на колото во ЛШ (ФОТО+ВИДЕО)

Крилниот напаѓач на Барселона, Лионел Меси е избран за најдобар фудбалер на петтото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

објавено: 30 ноември 2018 - 14:42

Да потсетиме, Меси со својата Барса победи на гостувањето кај ПСВ со 2:1, а Аргентинецот постигна еден прекрасен гол на тој меч.

Освен Аргентинецот, во конкуренција за најдобар играч на ова коло беа уште Дрис Мертенс (Наполи), Максвел Корне (Лион) и Арјен Робен (Баерн Минхен).

За Меси овој гол против холандскиот клуб беше 106. за Барселона во ЛШ и така стана фудбалер со најмногу реализирани погодоци за еден клуб во елитното натпреварување.

Да додадеме уште дека за аргентинската ѕвезда ова е трето признание оваа сезона за најдобар играч на колото, а освен тој награди освојуваа уште Един Џеко и Хари Кејн.

Најново во Меѓународен Фудбал