ВО МОНАКО СЕ ОДРЖА ЖДРЕПКАТА ЗА ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА ГРУПИТЕ

ЛШ: Роналдо се враќа на „Олд Трафорд“, Барса во група со Тотенхем, Интер...!

Денеска во Монако беа извлечени групите за новата натпреварувачка сезона 2018/2019 во фудбалската Лига на шампионите.

објавено: 30 август 2018 - 19:11

Бранителот на трофејот Реал Мадрид е во групата Г заедно со екипите на Рома, ЦСКА Москва и чешкиот Плзењ.

Не може да се одвои некоја т.н. „група на смртта", но дефинитивно како едни од поинтересните можеме да ги истакнеме групите Б и Ц.

Барселона е во група со Тотенхем, ПСВ и Интер, а ПСЖ е во група со Наполи, Ливерпул и Црвена Звезда. А секако внимание ќе привлечат и мега пресметките помеѓу Манчестер Јунајтед и Роналдо.

Лига на шампиони (2018/2019)

Група А: Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд,Монако, Клуб Бриж.
Група Б: Барселона, Тотенхем, ПСВ, Интер.
Група Ц: ПСЖ, Наполи, Ливерпул, Црвена Звезда.
Група Д: Локомотив Москва, Порто, Шалке, Галатасарај.
Група Е: Баерн Минхен, Бенфика, Ајакс, АЕК.
Група Ф: Манчестер Сити, Шахтјор Доњецк, Лион,Хофенхајм.
Група Г: Реал Мадрид, Рома, ЦСКА Москва, Плзењ.
Група Х: Јувентус, Манчестер Јунајтед, Валенсија, Јанг Бојс.

Натпреварите од првото коло во групната фаза на ЛШ ќе се одиграат на 18/19 септември 2018 година.

Најново во Меѓународен Фудбал