ВЕЧЕРВА ПРВИ НАТПРЕВАРИ ОД 2.КОЛО ВО ГРУПНАТА ФАЗА

ЛШ: Му гори под нозе на Мурињо

Уште еден пораз е недопуслив. Манчестер јунајтед не смее да си дозволи срам од Валенсија на свој терен

објавено: 2 октомври 2018 - 15:00

Веќе нема тајни. Мурињо е во војна со пола тим. Лошите резултати на Манчестер јунајтед значат само едно, а тоа е дека Португалецот се бори да преживее на клупата на „Ѓаволите". Веќе почнаа шпекулациите за негов наследник, а еден од фаворитите е поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан. Јунајтед викендов доживеа тежок пораз од Вест Хем (3-1), а на враќањето накај Манчестер, сите се враќале со воз, додека Мурињо не заминал со тимот. Неговите помошници разговарале помеѓу себе каде што ги изнеле очекувањата дека Португалецот неделава ќе биде отпуштен.

Еден од клучните натпревари за неговата иднина е вечерашниот, каде во второто коло од групната фаза на најпрестижното европско натпреварување Манчестер јунајтед на домашен терен ќе ја пречека шпанска Валенсија. Во првото коло избраниците на Мурињо лесно славеа на гостувањето кај Јанг Бојс (0-3), додека Валенсија загуби на домашен терен од Јувентус (0-2).

Од тој меч во Берн момците на Мурињо паднаа во „канал" затоа што наредија три разочарувачки натпревари. Прво беше она реми на „Олд Трафорд" против Вулверхемптон 1:1, а потоа елиминацијата од Дерби каунти на пенали. Мурињо по пенал рулетот посочи дека кога дошле на ред да шутираат Џонс и Баји знаел дека тимот ќе биде елиминиран. Џонс промаши и Дерби прослави пласман понатаму. Таа изјава донесе раздор во екипата и поделба. Дел се наклонија кон Погба, дел кон Мурињо.
Кризата кулминираше со поразот во саботата од Вест Хем во Лондон со 3:1. Мурињо како многу пати вината ја насочи кон новинарите, навивачите и судиите... Ќе видиме како ќе се правда при евентулен пораз од Валенсија.

БАЕРН Е ОГРОМЕН ФАВОРИТ ПРОТИВ АЈАКС
Германскиот и холандскиот гигант Баерн Минхен и Ајакс вечерва ќе се соочат еден против друг во 2. коло од групата Е во Лигата на шампионите. Двата поранешни европски шампиони вечерва ќе се сретнат на „Алијанц арената" на која Баерн е огромен фаворит, пред се поради тоа што е неприкосновен пред своите навивачи и што е поквалитетен од холандскиот претставник. Во првото коло „Баварците" обезбедија победа на гости кај Бенфика, а Ајакс во Амстердам го „збриша" грчкиот шампион АЕК.
Само еднаш Ајакс успеал да излезе непоразен од Минхен и тоа во 1995 година (0:0), а во сите други случаеви губел (три пати).
Тој Ајакс во 1995 година не може да се спореди со сегашниот чие ниво е далеку пониско. Холандскиот клуб одамна го изгуби реномето на силен клуб па за нив е успех секое реми против некој шампион од топ 5 европските лиги.

ДЕ ЛИГТ: ЗНАМ КАКО ИГРА ЛЕВАНДОВСКИ, НЕМА ЛЕСНО ДА ПОМИНЕ
Дефанзивецот Матија де Лигт го пропушти мечот со АЕК во првото коло поради повреда на коленото, но сега се врати во екипата и ќе биде задолжен за полскиот голгетер Роберт Левандосвски.
„Баерн е опасен од сите позиции и ќе ни треба перфектен меч за да успееме да извадиме добар резултат. Јас ќе бидам задолжен за Левандовски. Гледав видеа од тоа како се движи, како ја држи топката. Веќе имам појасна слика што треба да направам за да го спречам во намерата да даде гол", изјави Де Лигт.

РЕАЛ „ПРЕПОЛОВЕН" ВО МОСКВА
По победата над Рома на „Сантијаго Бернабе"(3-0), Реал во второто коло од групата Г гостува во Москва кај ЦСКА. Иако „Кралевите" се големи фаворити, сепак, по последните повреди на неколку клучни играчи, „Армејците" можат да се надеваат дека ќе извлечат бод, а во првото коло ремизираа со Викторија Плзен. Кај Шпанците, ќе недостасуваат Иско, Марсело, Герет Бејл и капитенот Серхио Рамос. Последниве двајца се повредија викендов на мадридското дерби против Атлетико. Вечерашните ривали имаа два меѓусебни дуели во ЛШ. Реал има една победа, а еден дуел завршил нерешено.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА
ГРУПА Е
БАЕРН - АЈАКС                 21:00 ч.
АЕК - БЕНФИКА                 21:00 ч.
ТАБЕЛА
1. Ајакс 1 1 0 0 3:0 3
2. Баерн 1 1 0 0 2:0 3
3. Бенфика 1 0 0 1 0:2 0
4. АЕК 1 0 0 1 0:3 0

ГРУПА Ф
ХОФЕНХАЈМ - МАН.СИТИ          18:55 ч.
ЛИОН - ШАХТЈОР                  21:00 ч.
ТАБЕЛА
1. Лион 1 1 0 0 2:1 3
2. Хофенхајм 1 0 1 0 2:2 1
3. Шахтјор 1 0 1 0 2:2 1
4. Ман.Сити 1 0 0 1 1:2 0

ГРУПА Г
РОМА - ПЛЗЕЊ       21:00 ч.
ЦСКА - РЕАЛ МАДРИД      21:00 ч.
ТАБЕЛА
1. Реал М. 1 1 0 0 3:0 3
2. ЦСКА 1 0 1 0 2:2 1
3. Плзењ 1 0 1 0 2:2 1
4. Рома 1 0 0 1 0:3 0

ГРУПА Х
ЈУВЕНТУС - ЈАНГ БОЈС      18:55 ч.
МАН.ЈУНАЈТЕД - ВАЛЕНСИЈА    21:00 ч.
ТАБЕЛА
1. Ман.Јунајтед 1 1 0 0 3:0 3
2. Јувентус 1 1 0 0 2:0 3
3. Валенсија 1 0 0 1 0:2 0
4. Јанг Бојс 1 0 0 1 0:3 0

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал