ЌЕ ИМА „ЧИСТКА“ ВО „КРАЛСКИОТ ДВОР“

ЛОПЕТЕГИ ЌЕ СЕ ПОЗДРАВИ СО„СТАРЦИТЕ": Роналдо, Бејл, Модриќ на листата за заминување?

Жулен Лопетеги стана нов шеф на струката во Реал Мадрид, а ден подоцна пак доби отказ од функцијата селектор на Шпанија.

објавено: 13 јуни 2018 - 17:00

Но тоа не ги менува плановите на „кралскиот клуб", макар што именувањето на нов „шеф", односно наследник на Зинедин Зидан на клупата е топ-тема во шпанските весници.
„Марка" која е поблиску до случувањата кај актуелниот европски шампион, оценува дека Лопетеги е одличен избор за тренер на тој клуб затоа што „има карактер за големи работи".
Но и дека е побирник да играат млади играчи, кои ги форсирал, дека омилен формација му е 4-3-3, а во играта повеќе сака неговата екипа да го има поседот на топката.
Односно дека тоа се неговите темелни карактеристика.

Што се однесува до имињата, во прв план кај Лопетеги дефинитивно ќе „искокне" Иско, играчот кој беше во „ротацијата" на Зидан, а новиот тренер ќе му даде главна улога, велат новинарите на „Марка".
Касемиро е уште еден играч на Реал кој не треба да стравува за својот статус. Лопетеги го ценеше и пред тоа, кога го тренираше во Порто, каде за него беше „најважниот играч".
Затоа пак сериозни проблеми доаѓаат за онаа група наречена „сенатори", староседелци, клучни играчи и ветераните во соблекувалната на Реал Мадрид.

Поточно, од нив сигурен е единствено капитенот Серхио Рамос, односно „газдата" на тимот и продолжената рака на претседателот Флорентино Перез, секако и капитенот, не само на Реал, туку и на „црвената фурија".
Затоа пак заминуваат сите други играчи кои во последните пет години му донесоа четири „амфори" во Лигата на Шампионите.
„Тој никогаш не би играл во мојот тим" – коментираше Лопетеги пред три години за карактетистиките на Герет Бејл, по што јасно е дека играчот од Велс може да си бара друга работа, односно на друго место.
„Диарио гол" наведува дека Лопетеги веќе добил задача да го направи истото како што пред десет години тоа го одработи и Пеп Гвардиола кога доаѓаше во Барселона.
А тоа е тотална „чистка" во соблекувалната на Реал од „старите и заситени ѕвезди" и создавање на нов тим.
Тогаш Пеп ги отпиша Роналдињо, Деко, Ето, Турам, Замброта, Едмилсон, а извесно е се повеќе дека Лопетеги нема да смета на Роналдо, Бензема, Навас, Бејл, Модриќ, вели овој извор.

Најново во Меѓународен Фудбал