ТЕНЗИЧНА АТМОСФЕРА И ЖЕСТОКИ СУДИРИ

Крваво славење на пласман во финалето (видео)

Натпреварот од полуфиналето на африканската ЛШ заврши со пресметка меѓу навивачи и полицијата

објавено: 24 октомври 2018 - 19:15

Во пресметката меѓу навивачите на Есперанс и туниската полиција беа повредени дури 51 лице, а 12 беа уапсени. Тоа е епилогот по завршувањето на натпреварот меѓу домашниот Есперанс и Примеиро Агосто од Ангола во полуфиналето на африканската ЛШ. Тунискиот тим успеа да го помине ривалот и да влезе во финалето, па славењето имаше крвав епилог. Навивачите фрлаа со запалени факели и камења кон полицијата која употреби солзавец и маваше со пендреците без двоумење.


Тренерот на Агосто, Зоран Манојловиќ се пожали на тензичната атмосфера на стадионот во Радес, како и бучавата, неколкуте испукани топовски удари и многу пиротехника. Капак на се беше тепачката меѓу навивачите и полицијата.


„Ова личи на воено поле, а не на фудбалски натпревар. Петарди и бомби пукаа на теренот, имаше неколку влегувања на теренот, пиротехника беше фрлана од трибините. Ова е срам за Тунис, и срам за Африканската конфедерација. Ова мора да го види и ФИФА. Да знае на што личат натпреварите во Африка", изјави Манојловиќ.
Во финалето на африканската ЛШ Есперанс ќе се соочи со најтрофејниот африкански клуб Ал Ахли од Египет.

 

Најново во Меѓународен Фудбал