ПОРАЗОТ ОД „МЛАДИТЕ МОМЦИ" ВО БЕРН ВО ВТОР ПЛАН

КРИСТИЈАНО: Верувам во нас, сега почнува она вистинското!

Фудбалерот на Јувентус и се радува на нокаут-фазата во Лигата на Шампионите, и не обрнува многу внимание на поразот од Јанг Бојс (1:2) на крајот на групниот дел од елитниот натпреварување.

објавено: 13 декември 2018 - 17:35

И покрај поразот на гостувањето во Швајцарија, „Старата дама" заврши на првото место во група, и доби нешто попривилегирана положба пред ждрепката на осминафиналните натпревари закажана за понеделник.

„Сега почнува оној убав дел од Лигата на Шампионите. Уверен сум дека ќе бидеме потполно подготвени за тоа. Мирен сум бидејќи го знам потенцијалот на овој тим, и секако својот потенцијал. Можев и сега да дадам лесно неколку гола, но тоа фудбалот. Мораме да се сконцентрираме на следниот натпревар"- рече 33 годишниот суперстар.

Со оглед на тоа дека „црно-белите" се во онаа привилегирана група од осум, јасно е дека за противник во осминафиналето можат да добијат еден од најмалку шесте тимови во онаа на „непривилиегирани".
Како потенцијални противници им се наметнуваат Атлетико Мадрид, Шалке, Ливерпул, Тотенхем, Олимпик Лион и Ајакс. Рома доаѓа од Италија, а со Манчестер Јунајтед играа во првата групна фаза од ЛШ.

 

Најново во Меѓународен Фудбал