Капитенот ја „држи" соблекувалната на Реал

КОМАНДАНТОТ РАМОС: Сите мора да се поздрават со него (ВИДЕО)

И ова финале, одиграно во Киев, предизвика многу работи да се зборуваат на сметка на еден играч на Реал Мадрид, нивниот капитен Серхио Рамос.

објавено: 27 мај 2018 - 17:30

Беше обвинет, и сеуште стои тоа, дека е главниот виновник што Мохамед Салах играше само 31.минута на олимпискиот стадион во Киев.

Но, после завршувањето на средбата, стоперот на мадридистите упати извинување до Египетскиот напаѓач во редовите на Ливерпул. Му посака и побрзо враќање на теренот.
А во меѓувреме, ја „построи" соблекувалната на Реал. Го внесе победничкиот пехар, а другите играчи, еден по еден, како што им прилега на соиграчите, го поздравија Серхио Рамос, како еден вистински „командант" кој ги диктира сите работи „зад кулисите".

Исклучок направи Хрватот Лука Модриќ, кој дури и „заигра" во ист ритам како и Рамос...

Најново во Меѓународен Фудбал