КАКО НАЈАВА ПРЕД МЕЧОТ ОД ЛШ ПОМЕЃУ НАПОЛИ И ЛИВЕРПУЛ

Клоп не му „верува“ на Анчелоти: Тој е мудар како „лисица“!

Денеска од 21:00 часот во второто коло од Лигата на шампионите во групата Ц е дербито на „Сан Паоло" помеѓу екипите на Наполи и Ливерпул.

објавено: 3 октомври 2018 - 11:30

Менаџерот на Редси, Јирген Клоп вели дека ако постои некоја разлика во квалитетот на двата тима, навивачите секогаш можат да помогнат.

„Лично, не гледам некоја разлика во квалитетот помеѓу Наполи и Ливерпул. Но, јасно ви е дека и гостите можат да играат добро кога атмосферата на стадионот е вжештена", рече Клоп.

Имаше пофални зборови и за искусниот италијански стручњак кој ги води „наполитанците", Карло Анчелоти:

„Ми се допаѓа Анчелоти и навистина го почитувам. Беше одличен играч и е тренер од врвна класа. Како што велат во Германија, „мудар како лисица". Тоа што рекол убави зборови за нас е само негова тактика", додаде менаџерот на Ливерпул.

Во групата Ц, освен Наполи и Ливерпул, играат уште ПСЖ и Црвена Звезда кои ќе сретнат претходно од 18:55 часот на „Паркот на принцовите" во Париз.

Најново во Меѓународен Фудбал