ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КИЕВ СО ИНТЕРЕСЕН СТАВ ЗА ФИНАЛЕТО ВО ЛШ

Кличко знае кој ќе победи в сабота, а тоа не е ни Реал ни Ливерпул

Кличко смета дека информациите оти илјадници навивачи го откажуваат патувањето до Киев поради превисоки цени на сместувањето, се лажни

објавено: 24 мај 2018 - 18:45

Славниот боксер Витали Кличко, сега во улога на градоначалник на Киев, смета дека победник од саботното финале од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул, ќе биде главниот град на Украина.

„Сите градоначалници на светот ќе ми љубоморат. Имаме прекрасна можност да го прикажеме нашиот град во најдобро светло. Ова е најважен натпревар на светот, најголем настан во историјата на Киев. Ќе имаме речиси 100.000 гости, и сакаме откако ќе си заминат, да бидат со позитивни впечатоци и да посакаат повторно да го посетат градот. Киев е зелен, чист град, кој го сака спортот“ - вели Кличко. 

Пред четири години, во градот имаше големи нереди, но иако тоа е минато, Кличко најавува 12.000 полицајци како обезбедување, насекаде има поставено камери и нема „темни зони“. Проблем се астрономските цени на сместувањето, многу навивачи го откажаа патувањето, но Кличко смета дека тоа се лажни вести. Витали го сака фудбалот и фан е на Динамо Киев.

„Јас навивам за Динамо, но знам дека сакате да ме прашате за прогноза за саботниот меч. Знам кој ќе победи, тоа е Киев. Чест е што сме домаќини на овој настан“ - вели Кличко кој додава дека не го бива за спортови со топка, па формата ја одржува со трчање, пливање и возење велосипед.

 

Најново во Меѓународен Фудбал