СЕ ИМ Е СЕГА БАДИЈАЛА...

ИРОНИЈА НА СУДБИНАТА И НА САЛЦБУРГ – Единствениот непоразен тим во Европа!

Бадијала, после оној „потоп" во дуелите со Црвена Ѕвезда кој ги чинеше место во Лигата на Шампионите...

објавено: 12 ноември 2018 - 19:00

Наградното прашање гласи: Кој е во овој момент единствениот клуб во Европа кој нема пораз?
Не е ПСЖ, не е ниту Ливерпул, не се ниту Наполи, Јувентус, Барселона, двата тима од Манчестер...
Тоа е РБ Салцбург, да да, добро прочитавте – РБ Салцбург!

После десет кола од австриската Бундеслига, четата а Марко Розе ги имаше сите десет победи, и исто така беше лидер во таа категорија. Но ова е едно ниво повисоко. Сметајќи ги сите натпреварувања, Салцбург остана единствениот непоразен тим во цела Европа?!
Од тој момент„ биковите" одиграа нерешено со ЛАСК и со Вакер, а пред тоа само два пати не победија, и тоа во двата наврати против белградска Црвена Ѕвезда. Во Белград беше (0:0), а на домашен терен (2:2).
И така, наместо приказната да биде совршена, идеална сезона во Салцбург тој став го немаат. Затоа што сепак, приоритетот беше пласманот во Лигата на Шампионите, па сега и оние огромни плус 12 во домашниот шампионат, или сите четири победи во групната фаза од Лигата на Европа па и не изгледаат баш воодушевувачки. Попрво кажано,дамката која им ја направи тимот од Белград, нема да може да биде исчистена до крајот на сезоната.
А само како импресивно делува: 25. натпревари од почетокот на сезоната, 21.победи, четири нерешени игри, нула порази...
И уште едно навраќање, болно за газдите на РБ Салцбург. Иако во последните 12. години „биковите" биле девет пати шампиони на Австрија, ниту еднаш не ги поминале квалификациите во ЛШ, а доста често испаднале на, во најмала рака, трагични начини.
Па затоа, многу извесно дека оваа „титула" не единствен непоразен тим во Европа не им значи многу...

 

Најново во Меѓународен Фудбал