АРГЕНТИНЕЦОТ СО ИНТЕРЕСНА ИЗЈАВА ЗА ФРАНЦУСКО РАДИО

Ди Марија: Му благодарам на Бога што си отидов од Јунајтед

Пари Сен Жермен ќе ги одмери силите со Манчестер Јунајтед во рамките на Лигата на шампионите, а во разговор за очекувањата од мечот Анхел ди Марија раскажа за тешкиот период на „Олд Трафорд"

објавено: 11 февруари 2019 - 21:20

Утре на „Олд Трафорд" Манчестер Јунајтед ќе го пречека ПСЖ во првиот меч од осминафиналето на ЛШ. Јасно е дека парижаните ќе имаат големи проблеми затоа што ќе бидат ослабени со неиграњето на Нејмар, Кавани и Мение поради повреди. Но затоа тренерот Тухел очекува многу од другите меѓу кои и Анхел ди Марија кој го познава противникот затоа што една сезона 2014-15 ја помина во Јунајтед.

А Ди Марија за француска радио станица зборуваше за тешкиот период во Јунајтед кога на чело на тимот беше Луис ван Гал.

Издржав само една година. Тоа не беше најубав период во кариерата, или тие не ми го дозволија тоа. Клубот имаше проблеми со тренерот. Но му благодарам на Бога, си заминав од таму во насока на ПСЖ каде се пронајдов себе си", кажа Ди Марија.

Најново во Меѓународен Фудбал