ТЕШКИ ОБВИНУВАЊА НА СМЕТКА НА „КРАЛЕВИТЕ“...

Дали УЕФА ја наместила ждрепката во ЛШ по желбите на Перез и Реал!?

Сеуште не се смирени страстите после аферата „Фудбал Ликс", а сега се најавува нов скандал во европскиот фудбал. Сега во центарот на вниманието е Реал Мадрид.

објавено: 20 декември 2018 - 18:39

Да потсетиме, во понеделникот во Нион беше одржана ждрепката за паровите од осминафиналето во Лигата на шампионите, а „кралевите" ја извлекоа екипата на Ајакс. Така, барем на хартија, европскиот шампион добро помина со оглед на тоа што можеше да добие и многу потежок противник.

Новинарот од уругвајскиот „ЕСПН", Хорхе Рамос порача дека ждрепката била наместена и тоа по „наредба" од страна на првиот човек на Реал, Флорентино Перез.

Рамос истакна дека од личност навистина блиска до претседателот на „кралскиот" клуб добил „инсајдерски информации", дека Перез на пет дена пред извлекувањето на топчињата во НИон вршел притисок врз челниците на УЕФА со цел во ждрепката во двојка да се најдат неговиот Реал и холандскиот тим.

Сепак, Рамос не можеше со конкретни докази да го поткрепи своето тврдење, а останува да се види дали неговите зборови ќе бидат доволни да биде започната истрага од надлежните органи или ќе помине сето ова без многу прашина...

Најново во Меѓународен Фудбал