СОСЕМА ОЧЕКУВАНО

Четворица од Реал во УЕФА „тимот на годината"

Сајтот на Европската фудбалска асоцијација го објави најдобриот состав на годината. Составен од најдобрите играчи во европските клубови во изминатите 12 месеци. Во декември гласаа посетителите на сајтот „уефа.ком" или вкупно 1.8 милиони.

објавено: 11 јануари 2019 - 23:00

Европскиот клупски шампион Реал Мадрид има најмногу претставници, дури четворица, и тоа без Кристијано Роналдо, кој летоска го напушти клубот.

На овој начин, „кралскиот клуб" го надмина својот најголем ривал, Барселона по вкупниот број на играчи на листата на најдобрите играчи на листата на најдобрите 11 во последните 13 години, колку се бира „тимот на годината".

Во овој момент резултатот е 48:47 во корист на Реал Мадрид.
Во однос на онаа друга споредба, меѓу земјите од Европа кои даваат најмногу играчи во оваа распределба, најмногу фудбалери понуди Франција – тројца.
Тимот на годината спроред УЕФА за 2018 година, во формацијата 4-3-3 го сочинуваат
Голман: Марк Андре Тер Штеген (Барселона), 30.4% на гласови, дефанзивци: Серхио Рамос (реал Мадрид) 49.7%, Вирџил Ван Дајк (Ливерпул) 46.2%, Рафаел Варан (Реал Мадрид) 44.9%, Марсело (Реал Мадрид) 61.1%
Играчи од средината на теренот: Лука Модриќ (Реал Мадрид) 68.5%, Нголо Канте (Челзи) 53.0%, Еден Азар (Челзи) 57.9%, Напагачи: Килијан Мбапе (ПСЖ), 38.6%, Лионел Меси (Барселона) 63.7%, Кристијано Роналдо (Јувентус) 64.3%.

Најново во Меѓународен Фудбал