Првиот човек на УЕФА дециден:

Чеферин: „Европска Супер лига е фикција, сон“

Претседателот на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА) Андреа Ањели по средбата со Чеферин изјави дека тие во соработка со УЕФА се трудат да пронајдат решенија за осовременување на фудбалската игра и промена на некои актуелни ситуации во европскиот клупски фудбал.

објавено: 20 ноември 2018 - 18:45

Претседател на УЕФА, Александар Чеферин, во интервју за BBC тврди дека Европската Супер Лига која ја заговараат најсилните европски тимови никогаш не била предмет на дискусија во Европската централа, ниту пак меѓу клубовите и куќата на фудбалот. Чеферин вели дека заедно со првиот човек на Европската асоцијација на клубови, Андреа Ањели, зборувале за унапредување на некои работи во европскиот клупски фудбал, но не и за формирање на Супер лига која во иднина би ја заменила Лигата на шампионите, па и некои домашни првенства.

„Ние никогаш не сме разговарале ниту разгледувале идеја за таа т.н. Супер лига. Можам да кажам дека имавме некои идеи, но Суперлигата нема никаква врска со тоа. Тоа е фикција, сон“, вели Словенецот.

Во меѓувреме, претседателот на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА) Андреа Ањели по средбата со Чеферин изјави дека тие во соработка со УЕФА се трудат да пронајдат решенија за осовременување на фудбалската игра и промена на некои актуелни ситуации во европскиот клупски фудбал. Прво, корекција на фудбалските правила по 2024 година, изготвување на нов календар со помалку првенствени натпревари, а повеќе европски натпревари. Исто така треба да се работи и на изготвување на други европски фудбалски натпревари, во кои нема да учествуваат само тимовите од европската елита.

Најново во Меѓународен Фудбал