ВО ВТОРНИК И СРЕДА СТАРТУВА ФУДБАЛСКАТА ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ

Божиновски контролор на Бенфика-Баерн, Чакир суди на „Енфилд“! (ФОТО)

В среда Реал Мадрид во рамките од првото коло од групната фаза во ЛШ ќе ја пречека екипата на Рома во групата Г.

објавено: 17 септември 2018 - 14:30

Дуелот на „Сантјаго Бернабеу" ќе го суди холандскиот арбитар Бјорн Кујперс. Овој признат судија на највисоко ниво суди веќе девет години, а во минатото судеше бројни важни натпревари.

Во Русија на Мундијалот делеше правда на мечевите Англија-Шведска, Бразил-Костарика, Шпанија-Русија и Египет-Уругвај.

На Реал Мадрид му судеше во финалето од Лигата на шампионите против Атлетико во 2014 година кога „кралевите" во Лисабон триумфираа со 4:1.

Чунејт Чакир од Турција ќе дели правда на мечот помеѓу екипите на Ливерпул и ПСЖ на „Енфилд" стадионот во вторник (21:000 ч.) во рамките од групата Ц.

-ЕМИЛ БОЖИНОВСКИ КОНТРОЛОР НА МЕЧОТ БЕНФИКА-БАЕРН МИНХЕН

Во групата Е Баерн гостува во Португалија, в среда од 21:00 часот ќе ги одмери силите против Бенфика.

Главен судија на стадионот „Да Луж" во Лисабон ќе биде Антонио Матеу Лахоз од Шпанија, додека контролор ќе биде Емил Божиновски (Македонија).

-ДА НЕ ЗАБОРАВИТЕ, НАТПРЕВАРИТЕ ВО ЛШ ОД ОВАА СЕЗОНА ВО НОВИ ТЕРМИНИ

Најново во Меѓународен Фудбал