Што вели статистиката?

Барса победува и кога Меси е повреден

Балансот на Барселона на натпреварите без својот најдобар фудбалер е 48 победи, 17 нерешени и 15 порази.

објавено: 23 октомври 2018 - 16:20

Петкратниот носител на наградата „Златната топка“, Лионел Меси, во својата кариера бил повреден точно 21 пат, но неговото отсуство не било причина Барселона да престанува да победува. Ако се погледне статистиката, во периодот 2004-2018 година, Аргентинецот пропуштил вкупно 80 дуели на каталонците, поради најразлични пореди, а сега на нив ќе им се приклучат уште 6 нови средби кои ќе мора да ги прескокне поради последната повреда на лактот на десната рака.

31-годишниот аргентински виртуоз, има мала фрактура во областа на лактот на десната рака заработена на средбата со Севиља, поради која ќе го нема и на утрешниот меч од 3. коло во Лигат ана шампионите против екипата на Интер. Балансот на Барселона на натпреварите без својот најдобар фудбалер е 48 победи, 17 нерешени и 15 порази.

Уште поголем пех за Барса ќе биде тоа што Меси е го нема на „Ел Класико“ пресетката во сабота против екипата на Реал (М).

Најново во Меѓународен Фудбал