„ТРИКОЛОРИТЕ“ СЕ СПРЕМААТ ЗА ДУЕЛИТЕ СО ХОЛАНДИЈА И УРУГВАЈ

Лига на нации: Светскиот шампион немаше избор, го врати Марсијал!

Пред голем број на европски репрезентации се завршните натпревари во оваа календарска година, па така и Франција која во ноември ќе игра против Холанѓаните во Лигата на нации и пријателскиот меч со Уругвајците.

објавено: 8 ноември 2018 - 22:00

Селекторот Дидие Дешам денеска го соопшти списокот на светскиот шампион за споменатите мечеви, а во него се наоѓа и Ентони Марсијал. Претходно Дешам сметаше дека Марсијал не е доволно добар да се најде меѓу патниците за Мундијалот во Русија, а сега немаше избор.

Одлично игра во Манчестер Јунајтед изминатиот период, па сега дојде и нов повик од француската репрезентација. Шанса не доби Димитри Паје, а се вратија Варан и Менди во однос на октомврискиот состав.

Во групата 1 од Лигата „А" прва е Франција со седум бодови која не може да испадне, втора е Холандија (три), а последна е Германија (еден) која пак не успеа да обезбеди настап во завршната фаза од Лигата на нации.

Составот на Франција за средбите против Холандија и Уругвај -

Голмани: Ареола, Љорис, Манданда

Одбрана: Дињ, Павар, Сидибе, Кимпембе, Рами, Варан, Менди, Сахо

Среден ред: Канте, Нзонзи, Матуиди, Погба, Ндомбеле

Напад: Дембеле, Гризман, Товин, Фекир, Марсијал, Жиру, Мбапе.

Најново во Меѓународен Фудбал