каде се изгубија двете најголеми ѕвезди на Аргентина?

Лео и Агуеро вкупно имаа 27 допири со топката

Неверојатно е колку двајцата играчи кои требаше да бидат најопасни во тимот на Аргентина, едноставно беа отсечени од играта

објавено: 21 јуни 2018 - 22:33

Двајцата главни ѕвезди на Аргентина, Лионел Меси и Серхио Агуро уште долго време ќе го памтат денешниот дуел против Хрватска и поразот од 3:0. Иако Аргентина ги има најзвучните имиња во офанзивниот дел, против Хрватска делуваа како да се изгубени на теренот.

Неверојатен е податокот дека Меси и Агуерозаедно имаат вкупно 27 допири со топката. Агуеро кој беше заменет во 54 минута, имаше неверојатни само седум допири со топката. Серхио никаде го немаше во послдните 22 минути и 11 секунди од првото полувреме, кога ниеднаш не се спои со топка. 

За разлика од Агуеро, Меси го одигра целиот меч и на крајот зад неговото име останаа запишани 20 допири со топката, но ниту еден гол. 

Најново во Меѓународен Фудбал