ПОСЛЕ КОПА ЛИБЕРТАДОРЕС, СЛЕДУВА СВЕТСКОТО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО

„Кралевите“ со Иско ќе атакуваат на светската титула во Абу Даби! (ФОТО)

На помалку од десет дена пред почетокот на Светското клупско првенство во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) 2018, составите на шест (од вкупно седум) тимови на овогодинешниот турнир се познати.

објавено: 6 декември 2018 - 14:10

Натпреварувањето ќе се одржи во периодот од 12-22 декември 2018 год. во Ал Аин и Абу Даби.

Ќе играат Реал Мадрид (Шпанија, УЕФА), Кашима Антлерс (Јапонија, АФЦ), Есперанс де Тунис (Тунис, КАФ), Гвадалахара (Мексико, КОНКАКАФ), Тим Велингтон (Австралија, ОФЦ), шампионот од Арапската Гулф лига, Ал Аин, а како веќе знаете го чекаме и победникот од „Копа Либертадорес", меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс чиј реванш треба да се игра в недела на 9. декември.

-СОСТАВОТ НА РЕАЛ МАДРИД ЗА СВЕТСКОТО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО 2018 ВО ОАЕ-

Иако се шпекулираше дека Иско би можел наскоро да си замине од мадридскиот гигант и дека се поврзува со трансфер во Челзи, тој се наоѓа во составот на Реал Мадрид кој што е дефинитивно најголем фаворит за светската титула.

Воедно е објавено дека Иско ќе биде капитен во екипата на Сантјаго Солари за дуелот од „Кралскиот" куп против Мелиља денеска на реванш натпреварот од 1/16 финалето на домашен терен. На првиот дуел славеше Реал со 0:4.

-РАСПОРЕДОТ НА НАТПРЕВАРИ НА СВЕТСКОТО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО 2018 ВО ОАЕ-

Најново во Меѓународен Фудбал