СЛОВАЧКИОТ СЕЛЕКТОР ГИ КАЖА ПРИЧИНИТЕ

Козак за оставката: Не сакам да работам со непослушни фудбалери

Јан Козак пред неколку денови си поднесе оставка од селекторската позиција на Словачка, а ги
откри и причините за тоа. Тој се разочарал поради недостаток на почит од страна на фудбалерите

објавено: 22 октомври 2018 - 15:30

По поразот од Чешка, седум фудбалери заминале на забава без негово знаење и се вратиле дури утрината.

Трпев, не сакав да го кажам ова, но кога ме притиснавте, еве ќе кажам зошто поднесов оставка. Добив шлаканица од фудбалерите. По мечот со Чешка (пораз), не спиев, два пати ја гледав снимката. Сакав да видам во што е грешката. А тие (фудбалерите) не им беше грижа за тоа. Можев да се преправам дека не знам ништо. Можев и да ги суспендирам - и што потоа! Без нив на што ќе личи репрезентацијата. Немам други фудбалери, тие се најквалитетните. Жалам, но не сакам да бидам и тренер и воспитувач. Не можам да работам со фудбалери кои не слушаат. Затоа решив да се повлечам", рече Козак кој ги кажа и имињата на седумте непослушни фудбалери.

Тоа се голманите Дубравка (Њукасл) и Шула (Слован), бековите Шкринијар (Интер), Ѓомбер
(Перуџа), Шатка (Дунајска Стреда), плејмејкерите Лоботка (Селта) и Вајс (Ал Гарафа).

Најново во Меѓународен Фудбал