ОТКАКО ПРЕТХОДНО „ШИТКАШЕ“ ВЛЕЗНИЦИ ЗА МЕЧЕВИТЕ НА СП 2018

Коментаторот на ХРТ доби отказ, но не се предава и ќе се бори на суд!

Како што веќе беше објавено, спортскиот коментатор на хрватската национална телевизија, Драго Ќосиќ (59) беше обвинет дека препродавал влезници за натпреварите на Хрватска на Светското првенство 2018.

објавено: 13 септември 2018 - 19:25

Претходно известуваше „Јутарњи Лист" дека ФИФА покренала истрага откако на црниот пазар се појавиле влезници кои официјално ги добила ЕБУ (Европската бродкастерска унија), а се продавале по цена од 20.000 евра.

Најновите информации велат дека Ќосиќ добил отказ и нема право на отпремнина, потврди неговиот адвокат Мате Матиќ. Адвокатот веќе најави дека допрва ќе следува битка пред судот.

„Ќе започнеме процес каде што Драго со сите сили ќе се обиде да ја реши целата ситуација. Тој не земал никакви пари и тоа сака да го докаже на суд", рече Матиќ, адвокатот кој за отказот го информирал преку СМС порака.

Отказот не подразбира никаква отприемнина, но Матиќ најави борба на суд. Минатата недела во јавноста исплива аферата во која на огласник се најдоа влезници за финалниот натпревар на СП во Русија помеѓу селекциите на Хрватска и Франција.

Најново во Меѓународен Фудбал