СЕ БАРА НАСЛЕДНИКОТ НА КОКУ КОЈ СЕ РАЗДЕЛИ СО ТУРСКИОТ КЛУБ

Кој ќе биде новиот тренер на Фенер и Елмас - Зидан, Раниери, Далиќ, Конте..!?

Како што веќе објавивме холандскиот тренер Филип Коку ја напушти клупата на Фенербахче поради слабите резултати оваа сезона во најсилната турска Суперлига.

објавено: 29 октомври 2018 - 09:00

Последниот меч на Коку како шеф на стручниот штаб на Фенер беше поразот во неделата на домашен терен од Анкарагучу со 1:3.

На овој меч за домаќините настапи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас од 84. минута при 0:3 како замена за Алжирецот Ј. Бензиа.

На табелата Фенербахче е дури на 15. позиција со девет бодови, само еден повеќе од Ризеспор кој е во опасната зона за испаѓање од лигата, а 12 помалку од лидерот Башакшехир. Во наредното коло Фенер го очекува дербито против Галатасарај на гостински терен кое што ќе се одржи на 2. ноември.

Како што шпекулираат турските медиуми многу звучни имиња се поврзуваат со клупата на Фенербахче, како на пример Алан Пардју, Дејвид Мојс, Синиша Михајловиќ, Винченцо Монтела, Лорен Блан, Арсен Венгер, Антонио Конте, Зинедин Зидан, Клаудио Раниери, Златко Далиќ, Леонарду Жардим и др.

Најново во Меѓународен Фудбал