Менаџерот на Манчестер Јунајтед „меркаше" неколку потенцијални засилувања, а на овој дуел не играше Немања Матиќ во редовите на српската национална фудбалска селекција.
Претходно во минатото играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ се поврзуваше со трансфер на „Олд Трафорд", како и дефанзивецот на Фиорентина, Никола Миленковиќ.
На трибините српските и црногорските новинари беа околу португалскиот стратег, кој добиваше едно исто прашање: „Кого дојдовте да го гледате"?
Мурињо немаше одговор, само повремено се насмевнуваше со една од легендите на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, а тука беше уште една фудбалска икона Дејан Савичевиќ.