ИАКО БЕА НОСИТЕЛИ

Кое е најголемото разочарување на Мундијалот во Русија?

Полската репрезентација е дефинитивно најголемото разочарување од групната фаза на Мундијалот.

објавено: 25 јуни 2018 - 16:30

Иако избраниците на селекторот Навалка беа носители, веќе после првите два натпревари се елиминирани од трката за осминафинале.

Пред само две години беа сензација стигнувајќи до четвртфиналето на ЕУРО во Франција против Португалија, по што несреќно загубија во пенал-серијата.

Ако се пласираа понатаму, кој знае, можеби ќе стигнеа до самиот крај наместо „златните" Португалци и Роналдо.

Полската јавност е крајно разочарана од резултатите на СП, најпрвин стартен загрижувачки пораз од Сенегал (1-2), а потоа и невиден „срам" во Казањ на дуелот против Колумбија (0-3).

Секако пред почетокот на турнирот погледите беа насочени и кон еден од најдобрите напаѓачи на светот, Роберт Левандовски, но едвај го забележуваме пред противничките голови.

„Се боревме, го дадовме максимумот. Не е доволна само борбата, туку и квалитетот кој за жал го немавме", рече репрезентативецот на Полска, Левандовски.

На крајот од групната фаза ќе се обидат само да го поправат впечатокот и се збогуваат со триумф над Јапонците.

Најново во Меѓународен Фудбал