КРАЈ НА ЕРАТА НА МЕСИ И РОНАЛДО

ЌЕ БИДЕ НЕИЗВЕСНО: Кандидатите за „Златната топка“!

В недела ќе се игра големото финале на Светското првенство во Русија помеѓу репрезентациите на Хрватска и Франција.

објавено: 12 јули 2018 - 15:30

Прогнозите говорат дека за прв пат, после Рикардо Кака во 2007. година, овој трофеј ќе заврши во рацете само не на оние на Роналдо или Меси.

Португалецот ќе има шанси и оваа година, но тешко дека повторно ќе биде избран прв. Во основа, во најтесниот круг би требало да се најдат ѕвездите на „коцкестите" и „триколорите", Лука Модриќ и Антоан Гризман, врз основа кој биде светски шампион, признание за најдобар играч на светот...

Гризман ја освои Лига Европа, беше најважен играч на Атлетико Мадрид, а Модриќ дојде до нова титула во Лигата на шампионите.

Се одвојуваат уште двајца кандидати за „Златната топка", француските репрезентативци Рафаел Варан од Реал и Килијан Мбапе, ѕвездата на ПСЖ која игра фантастично на СП.

Најново во Меѓународен Фудбал