пробаа да го искористат новото правило, ама не им успеа

Како Англичаните сакаа да израмнат на 2:2, додека Хрватите се радуваа (Видео)

По водството на „коцкестите“ од 2:1, играчите на „Гордиот Албион“ веднаш тргнаа кон центарот и сакаа да искористат додека Хрватите го прославуваат погодокот кој ги однесе во финалето

објавено: 12 јули 2018 - 09:48

Голот на Марио Манџукиќ во 109 минута беше „визата“ на Хрватска за место во финалето на Светското првенство во Русија. Голгетерот на „коцкестите“ погоди за 2:1 и победа над Англија. За „Гордиот Албион“ остана само сон дека може да го повторат успехот од 1966 година кога прв и единствен пат станаа шампиони. 

По голот на Манџукиќ, сите хрватски фудбалери во транс славеа, кај корнер знаменцето пред голот на Англија. Додека Хрватите славеа, Англичаните пробаа да дадат гол. Тие веднаш ја наместија топката на центарот и тргнаа во напад, додека немаше никој во одбраната на Хрватска, само голманот Субашиќ. Сепак планот на Англичаните го сруши судијата Чакир, кој им ја прекина акцијата и покажа дека не смееле да тргнат во напад.

Англичаните всушност сакаа да го искористат правилото дека може да изведат од центар по примен гол, но само доколку сите играчи на противничкиот тим се надвор од теренот. Хрватите се радуваа надвор од теренот, но на време еден од нив се врати во полето на Англија и со тоа автоматски сопре противникот да може да изведе од центарот.

Едноставно Англија сакаше на неспортски, но регуларен начин да даде гол, но за среќа хрватските играчи не се занесоа премногу во славењето и точно навреме се вратија на теренот, за да нема „брз центар“ и шанса на Англија да израмни.  

Најново во Меѓународен Фудбал