Обвинителството во Бразил наиде на празна сметка

Каде се парите на Роналдињо? На сите негови сметки има само 6 евра!

На сите постоечки познати сметки на Роналдињо во банките има само, верувале или не - 6 евра!

објавено: 6 ноември 2018 - 17:17

Откако бразилскиот суд им ги одзема пасошите на Роналдињо и на неговиот брат поради неплатени долгови, излезе дека државата истите не може да ги наплати никако по институционален пат. Причина, на сите постоечки познати сметки на Роналдињо во банките има само, верувале или не - 6 евра!

Износот, секако, не е доволен за да се исполни принудното плаќање на паричните казни во износ од повеќе од два милиони евра. Причина: нелегална градба во заштитено подрачје.

Дури ни хипотеката на имотот не е доволна за да се исплати долгот поради високиот интерес предизвикан во текот на речиси четиригодишниот конфликт. Засега обвинителство не знае како ќе се одвива процесот, затоа што во моментов нема информации каде се парите на Роналдињо.

Износот што се појавува во сметките не соодветствува со неговиот животен стил. Во текот на последните две недели екс-бразилскиот фудбалер често патуваше во Кина и Јапонија за да ги исполни своите обврски за рекламирање. Во последно време, тој исто така е во различни земји во Европа и Африка, а еден од неговите спонзори „Најк“ дури лансираше линија на патики со неговото име.

 
 
 
View this post on Instagram

Um domingo lindo com meu filho!!! Bom demais!!!

A post shared by Ronaldo de Assis Moreira (@ronaldinho) onOct 15, 2018 at 8:10am PDT

Најново во Меѓународен Фудбал