МЕКСИКАНЦИТЕ ВО НЕДОУМИЦА

Каде е „Ел Пибе", никаде го нема?

Комплетниот тим на Дорадос де Синалоа веќе извесно време е на подготовки, но од нивниот „шеф", Диего Марадона, ни трага, ни глас...

објавено: 29 декември 2018 - 18:00

Дали Диего Армандо Марадона може без проблеми и скандали?
Тешко, барем не откако им се врати на старите, лоши навики, Сите знаат за кои станува збор...
Еден од најдобрите, ако не и најдобриот фудбалер на сите времиња, е вечен скандал-мајстор, и со тако однесување полека се движи кон седмата деценија од животот.
„Златното дете" одамна другарува со „жолтиот печат", кад еи д атргне, а како би било поинаку кога с еоднеусва како холивудска ѕвезда.
Моментално е актер на скандалот во мексиканската втора лига, каде (и понатаму) е тренер на екипата Дорадос де Синалоа, која за малку не успеа да ја внесе во елитната Апертура на Мексико.
Моментално, таму се подготовките за Клаусура која стартува на 5. јануари, но таму го нема токму него – „Ел Пибе".

Аргентинецот сеуште не се јави, а мексиканските медиуми тврдат дека постојат неколку причини зошто Марадона не се појавил (сеуште) на тренингот.
Пред се затоа што од клубот не го обновиле договорот со неговиот асистент Луис Ислас, па затоа и не стигнале планираните засилувања. Всушност, причините се легитимни, затоа што Марадона не е „било кој", па овие работи, пред се непочитување на управата спрема него, се во најмала рака понижувачки.
Тренинзите на Дорадос засега ги води еден од помошниците, Хозе Алтиери, а големо прашање е дали Марадона воопшто ќе седне поторно на клупата со тимот со кој има договор до јуни 2019 година.

Најново во Меѓународен Фудбал