МАШИНА ЗА ПАРИ ПРАВЕЊЕ

Јувентус на секоја минута продава по еден дрес на Роналдо

Редици од навивачи кои стојат за да купат дрес од Кристијано

објавено: 12 јули 2018 - 18:15

Јувентус на секоја минута продава по еден дрес од Кристијано Роналдо. „Црно-белиот“ дрес со бројот 7 предизвика вистинско лудило кај навивачите на најтрофејниот италијански клуб. Редици од луѓе има пред фан шоповите каде се продава дресот на Јувентус со името на Роналдо. 

Цената на дресот на Роналдо е 100 евра, а досега се продадени повеќе од милион дресови со името на Роналдо. Италијанскиот првак плати 105 милиони евра на Реал Мадрид за да го доведе актуелниот освојувач на „Златната топка“ во тимот од Торино. 

Годишната плата на Кристијано ќе биде 30 милиони евра, а потпиша четиригодишен договор. 

Најново во Меѓународен Фудбал