НИШТО ОД ТРАНСФЕР ВО ЈАНУАРИ

„ВИОЛА“ ГО ОДБИ ЈУНАЈТЕД: Миленковиќ останува во Серија А

Како што пренесуваат медиумите во Италија, раководството на „виолетовите" ја отфрило секоја можност во зимскиот преоден рок да го продаде Никола Миленковиќ.

објавено: 9 јануари 2019 - 20:10

Тоа индиректно значши дека е одбиена понудата на Манчестер Јунајтед за младиот српски дефанзивец.
Во неа биле вклучени и одредена сума на пари, плус Адреас Переира. Но клубот од Фиренца одлучил да започнува било какви преговори.

Исто така првите луѓе на „виолетовите" ставиле вето на заминувањето на Миленковиќ во јануари, и дека понудите ќе бидат разгледувани други на лето.
Инаку откупната клаузула за младиот Србин изнесува 50.милиони евра.
Тој дојде на Апенините како играч на белградски Партизан во трансфер вреден 5.1 милиони евра.
Оваа сезона одигра 18.мечеви за „виолетовите", и притоа постигна и два гола.

Најново во Меѓународен Фудбал