100.000 евра казна за капитенот

СКАНДАЛ: Интер драстично го казни Икарди, овој сака да си оди?

Поради доцнење на правата прозивка, раководството драстично го казни својот најдобар играч. Казната е протолкувана како одмазда за тоа што не сака да потпише нов договор со „нероаѕурите“.

објавено: 10 јануари 2019 - 19:14

Несогасувањата околу новиот договор на Икарди со екипата на Интер може да излезат од контрола и фудбалерот предвреме да го напушти Милано. Како што откриваат италијанските медиуми вечерва, капитенот на „нероаѕурите“ се наоѓа на излезна врата од „Џузепе Меаца“, откако си дозволи да закасни на првата прозивка на клубот во пресрет на вториот дел од сезоната.

Клупското раководство тоа не му го прости, па Мауро е казнет со импознатни 100.000 евра за ова негово доцнење, што е несекојдневен потег во европскиот фудбал.

Сопругата на Икарди, воедно и негов менаџер, Ванда Нара, вели дека нема да прифати под сегашните притисоци на клубот да потпишат договор кој не му одговара на Мауро. Таа е убедена дека Икарди треба да добие 9 милиони евра годишно, за разлика од Интер кој не сака да му даде повеќе од 7 милиони.

„Дури кога Интер ќе понуди нешто конкретно и коректно, може да разговараме“, изјавила Ванда.

Најново во Меѓународен Фудбал