„БОМБА“ ОД ИТАЛИЈА

Шок на Апенините, Кристијано Роналдо се сели во ОАЕ!?

Во текот на преодниот рок доминираат шпекулациите околу различни трансфери, а помеѓу нив се наоѓа и најголемата ѕвезда на Јувентус.

објавено: 8 јануари 2019 - 12:30

Кристијано Роналдо минатото лето ги изненади сите со преселбата од Реал Мадрид во италијанскот шампион, но за краток период покажа зошто е моментно еден од најдобрите фудбалери на денешницата и сега е најдобар стрелец на „Старата дама".

Италијанските медиуми, пак, ја изненадија јавноста со објавата дека Роналдо уште на крајот од оваа сезона би можел да го напушти Јувентус и направи нов трансфер.

33-годишниот напаѓач доби понуда од Обединетите Арапски Емирати, но сеуште не е познато името на клубот. Како што информира „Газета дело Спорт" Португалецот добил неверојатна понуда според која годишно би заработувал „нереални" 60 милиони евра.

Сега во Јуве годишно заработува 30 милиони евра, но тешко дека поради двојно зголемениот износ ќе одлучи за шест месеци да си замине од „големата сцена". Дефинитивно се очекува уште неколу сезони да го гледаме во најсилните лиги, а пред крајот на кариерата би можел да заигра и некаде на Истокот...

Најново во Меѓународен Фудбал