Тимот од Верона не се плашеше да го ангажира

Селекторот кој ја „закопа“ Италија е нов тренер на Киево

Екс-селекторот на „азурите" потпишал договор за две години, а заедно со него во клубот доаѓаат и асистентите од репрезентацијата, Салваторе Суло и Алесандро Иноченти.

објавено: 10 октомври 2018 - 21:06

Поранешниот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Џанпиеро Вентура, денеска и формално беше назначен за нов тренер на италијанскиот прволигаш Киево. Веста беше спотврдена од клупското раководство на „летечките магариња“, а Вентура веќе го имаше и првиот тренинг со тимот.

Екс-селекторот на „азурите“ потпишал договор за две години, а заедно со него во клубот доаѓаат и асистентите од репрезентацијата, Салваторе Суло и Алесандро Иноченти.

70-годишниот стратег е без работа откако ја напушти функцијата селектор откако не успеа да однесе Италија на Светското првенство во Русија. Сепак, тој сè уште ужива високо мислење во Италија, каде што имаше одлични пет сезони од 2011 до 2016 година во екипата на Торино.

Најново во Меѓународен Фудбал