ДАЛИ НÈ ЧЕКА НОВО ЖЕШКО ЛЕТО НА АПЕНИНИТЕ

СЕ ТРЕСЕ „ЧИЗМАТА": Јуве нуди 50 милиони евра и Игуаин за Икарди!

„Старата дама" бара начин да го донесе најдобриот стрелец во Серија А

објавено: 29 мај 2018 - 11:15

Се чини дека Јувентус и не може поинаку. Секое лето тимот од Торино мора на некој начин да го „здрма" трансфер пазарот во Италија, а овој потенцијален трансфер кој го најавува „Кориере дела сера" би можел да донесе тектонско пореметување на Апенините.

Наводно, Јувентус фрла вистинска трансфер-бомба на Милано и понудил 50.милиони евра плус Гонзало Игуаин, а во замена за услугите на Мауро Икарди.

„Кориере" исто така известува дека Јувентус побарал од адвокатската куќа која го претставува аргентинскиот напаѓач, да ја анализира клаузулата за ослободување на Икарди (110.милиони евра), која важи за странските клубови и тоа само во периодот од 1. до 15.јули.
Овој весник исто така наведува дека Интер се согласил на дискусија за понудата, а наводно, дозвола за тоа дала и неговата сопруга Ванда Нара без која младиот голгетер нема да донесе одлука за заминување од клубот.
Игуаин стигна во Торино во текот на летото 2015 година. Како голема трансфер бомба на преодниот рок, за сума од 90.милиони евра од Наполи.
Тогаш „црно-белите" му зададоа сериозен удар на конкурентот за титулата, а се чини дека сега истото сакаат да го сторат и со Интер.
Игуаин имаше сезона под очекувањата, постигна 16. голови на 35. средби од Серија А, што е премалку за критериумите кои ги бара Јувентус.

Најново во Меѓународен Фудбал