ПОРТУГАЛЦИТЕ СЕ И ТОА КАКО ЦЕНЕТИ ВО ЈУВЕ, АМА...

СЕ НАЈДЕ НЕКОЈ КОЈ ГО ОДБИ ЈУВЕНТУС: Татко му на Тринкао не го пушта во Торино, но...

Откриени се засега доста непознати детали...

објавено: 5 јануари 2019 - 13:30

Со години наназад, Јувентус важи за една од најпосакуваните фудбалски дестинации во Европа. Доволно е само да се потсетиме дека по деветгодишен престој во Мадрид како играч на Реал, летоска Кристијано Роналдо ја избра „Старата дама" од Торино.
Токму поради тоа, ретко кој можел и смеел да и каже „НЕ", на фудбалската институција не само во Италија, туку и во светот.
Меѓутоа, сепак се најде некој кој со еден негативен одговор може да им се обрати на челниците на Јувентус.
Во прашање е таткото на талентираниот португалски напаѓач Франциско Тринкао, кого спортскиот директор на „црно-белите" сака да го донесе во Торино, и тоа по секоја цена.
Пред неколку дена можеше да се прочита дека за потписот на најдобриот стрелец на младинското ЕП и златното момче на Португалија ќе се борат Јувентус и Интер. А ако го прашате таткото на Франциско, неговиот син засега не би се селел во Торино.

И поради тоа се доаѓа до еден потенцијален проблем.
Иако во Италија се уверувањата дека младиот играч на Брага е на чекор до потпис за Јувентус, Тринкао-сениор сача неговиот син да премине во Порто, и со сите сили настојува да биде така.
Сепак, прашање е колку неговото „влијани" е силно во овој случај?
Имено, Паратичи веќе се сретнал со Жорж Мендеш, кој служи како посредник во оваа работа, и некој кој води сметка за случувањата во Брага, и сето тоа би можело да биде готово за кратко време.
Се „шушка" дека во комбинација се позајмица и трансфер на лето, што севкупно ќе чини 15.милиони евра. Два милиони од нив за позајмувањето, а останатото како отштета.
Тоа би требало да биде доволно да се активира откупната клаузула од 15.000.000 евра иатко италијанските новинари дојдоа до сознание дека Тринкао всушност има клаузула поставена на двојно поголема сума.
Ако се покаже како точно тоа дека Тринкао „вреди" 30.милиони евра, тогаш тоа би бил и најскапиот трансфер на еден млад фудбалер од Португалија од Примера во историјата на тоа натпреварување.

Наводно, Мендеш го дели мислењето на Паратичи дека Тринкао треба да премине во Јувентус, каде го чека договор на пет години. Но таткото на Франциско преку свои врски и луѓе сака да ја сопре целата таа приказна, и на својот син да му овозможи потпис на договорот со Порто.
Интересно, пред неполни пет години, токму Порто пропушти шанса да го земе младиот Тринкао, под изговор дека не е доволно талентиран. Момент по кој сите на „Драгао" може да си го „каснат јазикот" за таа пропуштена прилика.
Се чини дека сега шансите на порто се микроскопски, затоа што Жорж Мендеш не е човек кој дозволува некој да си игра со неговото трпение, и по правило излегува секогаш „по неговото". А ако е добар со челниците на Јувентус, како што е и во овој момент (тука се Роналдо и Кансело), тој ќе му обезбеди трансфер на Тринкао во редовите на италијанскиот шампион.
Интер - тоа е некоја друга приказна...

Најново во Меѓународен Фудбал