ДУЕЛОТ КОЈ СИТЕ ГО ОЧЕКУВАА ПРОПАДНА

Роналдо нема да го „решета“ Реал среде Америка

Најдобриот фудбалер во светот Кристијано Роналдо нема да патува со Јувентус на меѓународниот Куп на шампионите, потврди италијанскиот тим. 

објавено: 18 јули 2018 - 15:30

Кристијано Роналдо нема да игра против Реал Мадрид на меѓународниот Куп на шампионите, кои ќе се одржи во Америка на петти август, оваа информација и официјално ја потврди италијанскиот.

Португалскиот фудбалер кој во понеделникот беше промовиран во дресот на „Старата дама“ на подготовките ќе се приклучи на 30. јули. Наместо да патува во Мериленд, тој ќе тренира со одредена група на играчи.

Новата сезона во Серија А стартува на 19 август, а распоредот на натпреварите ќе биде познат подоцна, сите едвај го чекаат дебито на ѕвездата во редовите на Јувентус. 

За потсетување Роналдо потпише четиригодишен договор, по сезона ќе заработува 30 милиони евра.

 

Најново во Меѓународен Фудбал