ИЗНЕНАДУВАЊЕ ПРИРЕДИ И СПАЛ, А ПАРМА ОДНОВО ВО ЕЛИТАТА

Римјаните го покорија Торино, разочара „новиот“ Интер! (ВИДЕО)

Се одиграа уште пет натпревари в недела во рамките од првото коло во најсилното италијанско фудбалско првенство.

објавено: 19 август 2018 - 22:43

Во Серија А од планираните седум видовме крај на пет мечеви, односно како што е веќе познато дуелите Милан-Џенова на Горан Пандев и Сампдорија-Фиорентина беа одложени поради трагедијата во Џенова.

Интер ги разочара своите навивачи уште на стартот од новата натпреварувачка сезона, откако на гости во Реџо Емилија загуби од Сасуоло со 1:0. Стрелец на голот за домаќините беше Берарди во 27. мин. од средбата.

Парма како во старите добри времиња, по подолго време повторно е во елитата. „Млекарите" на својот „Енио Тардини" ремизираа 2:2 со Удинезе, а изненадување приреди и Спал кој со 0:1 славеше кај Болоња.

Емполи дома беше подобар од Каљари, додека неделната програма започна со пресметката во Торино каде што домаќинот загуби минимално со 0:1 од Рома.

Прекрасен волеј за три бода на римската „волчица" изведе босанскиот интернационалец во 89. мин. после асистенцијата на новото летно засилување Клајверт.

Најново во Меѓународен Фудбал