НЕ ЗАВРШИЈА СО „КРАЛСКИОТ ТИМ“

По Роналдо, Јувентус сака уште една ѕвезда од Реал

Јувентус не заврши со „пазарењети“ во Мадрид, по Кристијано Роналдо во своите редови ќе се обиде да доведе бразилскиот фудбалер. 

објавено: 11 јули 2018 - 13:01

Јувентус не застанува. Откако успеа да се договори со Реал Мадрид за еден од најдобрите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо, денеска веќе има нов план, одново поврзан со шпанскиот тим. Како што пишуваат италијанските медиуми, на мета на „Старата дама“ е одличниот лев бек Марсело.

За Бразилецот кој има договор со Реал Мадрид до јуни 2022, челниците на Јувентус ќе мора да одвојат нова голема сума на пари, по онаа за Роналдо за кого искешираа 105 милиони евра.

Кај Италијанците се е испланирано, на оваа позиција сакаат да го прордаде Алекс Сандро за кого се заинтересирани ПСЖ, Челзи, Манчестер Јунајтед и Сити, а на негово место да ја доведат ѕвездата од Реал.

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал