Без проблеми до победата

По две ремија, Милан победи (ВИДЕО)

„Росонерите“ дојдоа до сигурна и убедлива победа над Каљари пред своја публика.

објавено: 10 февруари 2019 - 22:20

Фудбалерите на Милан обезбедија победа од 3:0 на дуелот со Каљари во рамките на 23. коло од Серија А лигата. Пред своја публика, момците на Гатузо уште во првиот дел од мечот го скршија отпорот на противникот и најавија дек апо двете реми пресметки во последните две кола, конечно, ќе ја израдуваат својата навивачка армија со цел плен.

Со еден чуден автогол на Цепители, Милан дојде во водство во 13. минута, додека Пакета со својот прв гол во дресот на Милан успеа да домашните во првиот дел веќе да им обезбеди предност и од 2:0.

Конечните 3:0 беа дело на неверојатниот Полјак, Пјонтек, кој реализираше во 62. минута. Со оваа победа, Милан се искачи на 4. место на табелата.

Најново во Меѓународен Фудбал