НЕ Е ДАЛЕКУ ОД ВИСТИНАТА

МЕНДЕШ: Кристијано е најдобриот во историјата, многумина го посакуваа

Уште во јануари, Кристијано Роналдо рекол дека сака да премине во Јувентус, тврди неговиот менаџер...

објавено: 18 декември 2018 - 21:10

Летоска, за сума од 112.милиони евра. Португалецот премина од Реал Мадрид во тимот од Торино за кој досега постигна 11 голови на 12.натпревари.
Мендеш вели дека со раководството на „Старата дама" разговарал уште пред пресметката помеѓу Реал и Јуве во четвртфиналето од Лигата на Шампионите.

„Тој е најдобриот игра во историјата на фудбалот, па затоа и го сакаа многу тимови. Секоја чест на Јувенту што успеа да го осигура неговото доаѓање. Уште во јануари Кристијано ми рече дека сака да дојде во Јувентус. И во тој момент не мислев дека е тоа можно. Но после состанокот со управата, почнав да верувам во тоа дека може"- рече Мендеш со забелешка дека преговорите траеле два-три месеци.

Во градското дерби против Торино, Роналдо го постигна јубилејниот 5.000 гол за Јувентус во Серија А, а „Старата дама" во овој момент е прва на табелата со 46.бода, или осум повеќе од второпласираниот Наполи.

Најново во Меѓународен Фудбал