И официјално потврдено

Марота и Јувентус „раскинаа“

По 8 години соработка, Марота го напушта директорското место во Јувентус. Ќе замине ли во Интер?

објавено: 1 ноември 2018 - 10:10

Јувентус потврди дека и официјално ја завршува соработката со Џузепе Марота. Она што самиот директор на „Старата Дама" го најави уште на почетокот на овој месец, денеска добива и службена потврда.

Јуве и Марота денеска го прекинаа работниот однос. Од клубот потврдија дека тие се договориле да му исплатат бруто износ од 361.775 евра и да си подадат рака за збогување.

Еден од најзаслужните за седумгодишната доминација на Јувентус, не само на просторите на Италија, го напушта клубот од Торино и најверојатно ќе се пресели во Милано. Во Италија веќе неколку недели се шпекулира дека Марота ќе биде нов директор на Интер.

Најново во Меѓународен Фудбал