ДАЛИ ХРВАТОТ ЌЕ ГИ ПРИФАТИ УСЛОВИТЕ НА „СТАРАТА ДАМА“?

Манџукиќ во Јувентус до крајот на кариерата!

Хрватскиот фудбалер би можел да потпише нов договор и во Торино да ја заврши професионалната кариера...Од 2015. година досега има вкупно три шампионски титули во Серија А.

објавено: 9 декември 2018 - 11:30

Според „Кориере дело Спорт", Јувентус планира да го продолжи договорот на Хрватот, важечкиот му истекува во 2020. година.

Марио Манџукиќ со италијанскиот шампион би ја продолжил соработката на две или три години, кога би требало тој да се пензионира и својата успешна кариера би ја завршил токму во торинскиот клуб.

Со доаѓањето на Кристијано Роналдо многумина шпекулираа дека нема да има место за Манџукиќ, но тој го докажа спротивното и одигра неколку одлични партии за Јуве оваа сезона, како што беше онаа против Интер во кој постигна еден гол на натпреварот.

Што се однесува до условите на новиот евентуален договор, Манџукиќ би морал да прифати на намлување на платата, од 3,5 на 3 милиони евра по сезона, но воедно би можел да надополни со различни бонуси.

Најново во Меѓународен Фудбал