ЏОРЏО Е УБЕДЕН ВО ЕДНА РАБОТА

КЈЕЛИНИ: Роналдо ќе игра до 40 години

Петкратниот најдобар фудбалер на светот, Кристијано Роналдо може да игра уште многу години, смета неговиот соиграч од Јувентус...

објавено: 20 ноември 2018 - 09:30

Дури и на 34. години Роналдо игра на врвно ниво, откако летоска премина од Реал Мадрид во Јувентус и потпиша договор на четири години.

„Дали може да игра до 40.години? Да, сигурен сум дека може како што за себе велам дека нема да можам. Прв доаѓа на тренинг, и ги турка другите исто како него напорно да работат. Тој е паметно момче. Штом ја промени лигата, сакаше веднаш да се прилагоди на се"- рече Кјелини за „Тутоспорт".

Токму поради Јувентус, каде немаше баш најдобар почеток, а подоцна влезе во форма каква што сакаше, одлучи да не ја игра првата фаза од Лигата на нациите, и така да одмори од репрезентативните активности со Португалија.
Тоа пак не значи дека нема да биде во тимот на завршниот турнир од „А" Дивизијата од ова новоформирано натпреварување, посебно што Португалците ќе бидат домаќини, како и во квалификациите за Европското првенство.

Најново во Меѓународен Фудбал