СМЕЛО ВЕТУВАЊЕ

Ќе ја избричам главата ако го победиме Јуве, ќе бидам како Најинголан!

Претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро на верните фанови на клубот од Џенова им даде ветување пред дуелот со шампионот на Серија А.

објавено: 29 декември 2018 - 11:30

„Старата дама" денеска од 12.30 часот ќе ја пречека Сампдорија. А првиот човек на клубот од Џенова, долгокосиот Масимо Фереро на ден пред овој натпревар, истакна дека верува во своите момци, па решил и да ги мотивира дополнително.

„Имам долга коса, секогаш сум сакал да ја носам вака. Но, ако го победиме Јувентус, ќе ја тргнам целата, ќе бидам како Раџа Наинголан"- рече Фереро и потсети на фудбалерот на Интер, кој секогаш има екстравагантни фризури, често на „нула" и во разни бои.

Но, од почетокот на сезоната Јувентус игра сјајно во Серија А, каде не е поразен во овие 18.одиграни кола. Па пред Самп е многу тешка задача. „Стадарата „дама" е прва со скор од 16.победи и две нерешени игри со вкупно 50.бода. Џеновјаните се исто така високо котирани, на петото место на табелата, но со 29.бода.
По последните седум натпревари без победа, минатата сезона Сампдорија славеше на домашен терен со (3:2), а во последниот меч, одигран во април оваа година, Јуве беше сигурен (3:0).

Најново во Меѓународен Фудбал