НЕ СЕ СИТЕ ВООДУШЕВЕНИ

Италијанските легенди против Ибрахимовиќ

По информациите дека Златан Ибрахимовиќ и челниците на Милан ги договориле сите услови за неговиот кам-бек, мислењата во јавноста се поделени. Додека фановите се воодушевени, италијанските легенди се против ваквата одлука. 

објавено: 20 ноември 2018 - 21:15

Враќањето на Златан Ибрахимовиќ во Милан е готова работа. Италијанските медиуми објавија дека преговорите завршиле успешно и дека легендарниот шведски напаѓач во јануари ќе се појави на „Сан Сиро“.

Ибрахимовиќ кој оваа сезона постигна 22 гола за ЛА Галакси сака да се врати во градот кој е како втор дом за неговото семејство. 37-годишниот фудбалер во Милано живееше пет години.

Додека фановите се воодушевени од кам-бекот на шведскиот напаѓач, дел сметаат дека неговото време е поминато и дека челниците на клубот не смеат да ја градат иднината со играчи чија кариера е на самиот залез. Меѓу нив се легендите на Италија, некогашниот фудбалер на Милан, Алесандро Костакурта и дефанзивецот на Јувентус, Клаудио Џентиле.

„Ако мене некој ме прашува, не би го земал Ибрахимовиќ во Милан. Да дојдеше пред шест или седум години приказната ќе беше поинаква. Но, сега е доцна“, рече Костакурта и порача: Милан мора да сврти нова страница“.

 

Најново во Меѓународен Фудбал