МИЛАНСКИОТ КЛУБ „ЗАГРИЗА“ ПО ИСКУСНИ ФУДБАЛЕРИ

Интер крева „бедем“ со играчи од Јунајтед и Атлетико

„Нероаѕурите" сакаарт тројца дефанзивци од овие два клуба

објавено: 3 јануари 2019 - 11:30

Тројца искусни играчи се на списокот на Интер за летниот преоден рок и тројцата би пристигнале на „Џузепе Меаца" како слободни агенти откако ќе им истечат договорите идното лето. Се работи за Ешли Јанг од Манчестер Јунајтед и дуото на Атлетико Мадрид Филипе Луис и Диего Годин.

Јанг инаку е крилен играч, но последните неколку сезони игра како офанзивен бек и сезонава за Јунајтед запиша 19 натпревари со ефект од еден гол и три асистенции. Филипе Луис одби нов договор со Атлетико, а се работи за еден од најстандардните играчи на оваа екипа. За Филипе Луис е заинтересиран и Јувентус, а Интер ќе мора да му понуди подобри услови за Бразилецот да не замине кај големиот ривал.
Годин и Атлетико не можат да се договорат околу продолжување на соработката и тој цели кон Италија. Уругвајскиот бек во Атлетико е од 2010 година.

Што се однесува до Интер, се шпекулира дека Миранда до крајот на месецот ќе го напушти „Меаца" (се споменува ПСЖ, Милан и неколку шпански клубови), но од клубот велат дека Бразилецот ќе остане во клубот барем до јуни.

Интер е заинтересиран и за италијанскиот репрезентативец Николо Барела од Каљари, но првиот човек на клубот од Сардинија бара 50 милиони за играчот.

Најново во Меѓународен Фудбал