СЕГА Е ОФИЦИЈАЛНО

Интер го претстави Марота (ФОТО)

Бепе Марота и официјално во иднина ќе биде дел од Интер, каде ќе ја има функцијата на директор.

објавено: 13 декември 2018 - 15:59

Она што беше најавено денеска доби официјална потврда. Интер го претстави Џузепе Марота, кој ќе биде извршен директор.

По осум години минати во таборот ја Јувентус пред неколку недели одлучи да замине, а според тамошните медиуми една од главните причини е доаѓањето на Кристијано Ронадло, токму тогаш почнале проблемите. 

„Среќен сум, станав дел од голем тим како што е Интер, се надевам дека заедно со управата ќе ги исполниме целите. Новата функција не ме плаши, ќе ја извршувам чесно и одговорно, бидејќи станува збор за важен чекор во мојата кариера“, изјави Џузепе Марота.

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал