Бепе Марота преговара со „нероазурите“

Интер го „краде“ генералниот менаџер на Јувентус

Веќе неколку недели Марота е во постојан контакт со сопствениците на Интер, и по се изгледа договорот ќе почне да се реализира во јануари на стартот на новата година.

објавено: 23 октомври 2018 - 15:50

Генералниот менаџер на италијанскиот шампион Јувентус, Џузепе Марота, е близу до заминување од Торино и трансфер во раководната гарнитура на големиот ривал - Интер.

Во четвртокот, трансферот гуруто на Јуве официјално ќе ја заврши својата работа во Јувентус, откако неговиот договор не беше продолжен. Засега нема информации дали Јуве прави нешто за да го задржи или ќе остави Бепе да си побара нова средина.

Ако успеат преговорите со Интер, Марота на „Џузепе Меаца“ ќе добие слична улога како во Јуве и ќе биде главно одговорен за трансферите. Веќе неколку недели Марота е во постојан контакт со сопствениците на Интер, и по се изгледа договорот ќе почне да се реализира во јануари на стартот на новата година.

Името на 61-годишниот шеф исто така е поврзано со Манчестер Јунајтед, каде за првпат во историјата на клубот се бара спортски директор.

Најново во Меѓународен Фудбал