ОДНОВО ЌЕ ГО ОБЛЕЧЕ ДРЕСОТ НА МИЛАН

Ибрахимовиќ донесе одлука, се враќа во Европа

Последните информации говорат дека Златан Ибрахимовиќ ја прифатил понудата на Милан и веќе од јануарио одново ќе го облече дресот на италијанскиот тим. 

објавено: 20 ноември 2018 - 17:30

Златан Ибрахимовиќ веќе има 37 години и веќе го носеше дресот на Милан, а „Gazzetta dello Sport“ тврди дека напаѓачот на ЛА Галакси доаѓа на „Сан Сиро“. Швеѓанецот кој блескаше во МЛС е подготвен да се врати во Европа и да одигра уште една сезона на високо ниво.

Од 2010 до 2012 година Ибра играше се италијанскиот тим, па според тамошните медиуми неговиот кем-бек е закажан за јануари.

Во својата кариера Златан играше за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, ПСЖ и Јунајтед.

 

Најново во Меѓународен Фудбал