ПОРТУГАЛЕЦОТ ГИ ВООДУШЕВИ ИТАЛИЈАНЦИТЕ

Гест за почит, Роналдо со поддршка за Дибала (ФОТО)

Кристијано Роналдо го постина својот 18-ти гол во Серија А во триумфот над Сасуоло од 3-0.

објавено: 11 февруари 2019 - 10:30

Португалецот погоди за 2-0 во 70. минута, а потоа голот го прослави на посебен начин, го посвети на својот соиграч Пауло Дибала. Тој ја изведе популарната „Дијаба маска“, заштитниот знак по секој негов постигнат гол. Аргентинецот оваа сезона не блеска, а против Сасуоло почна од клупата за резерви. 

Гестот на Риналдо го прокоментира и популарниот италијански дефанзивец, Алесандро Костакурта.

„Прекрасен гест на Роналдо, Дибала минува низ криза. Кристијано е шампион, не само со топката во нозе“.

Од доаѓањето на португалскиот фудбалер, улогата на Дибала се промени, повеќе не е главен фактор во играта на Јувентус. Минатата сезона постигна 22 гола во Серија А, оваа сезона има само два.

 

Најново во Меѓународен Фудбал